fbpx

МВР:Струмичанец измамен од „скопјанец“,го олеснил за 56.000 денари

 МВР:Струмичанец измамен од „скопјанец“,го олеснил за 56.000 денари

На 25.03.2022 во 14:20 часот во СВР Струмица, 62-годишен маж од Струмица, вработен во хотел во Струмица, пријавил дека бил измамен од едно лице кое телефонски, претставувајќи се дека е од Скопје, резервирало неколку соби и конференциска сала во хотелот, а потоа се јавило уште два пати и му побарало од него да плати вкупно 56.000 денари за услуга што некоја фирма му ја извршила во Струмица, кои ќе му бидат вратени по неговото доаѓање таму, соопштија од МВР.

Според пријавеното, пријавителот ги испратил потребните пари преку посредник, по што лицето веќе не било достапно и сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link