На патот Струмица-Радовиш пијан возач удрил во банкината, измерени му се 2,25 промили алкохол

 На патот Струмица-Радовиш пијан возач удрил во банкината, измерени му се 2,25 промили алкохол

Вчера во 19:05 часот на магистрален пат Радовиш-Струмица, во близина на крстосница за село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Е.В.(23) од Радовиш. Околу 18:40 часот на наведената локација, тој со патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во банкина покрај патот, а при преземање мерки полициските службеници констатирале дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,25 промили алкохол во крвта.

Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Фото: архива илустрација

Share via
Copy link