fbpx

На подрачјето на СВР Струмица биле констатирани 18 прекршоци сторени од страна на возачи на мотоцикли

На 19.09.2021 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица биле преземени засилени мерки над учесниците во сообракајот, при што биле констатирани 18 прекршоци сторени од страна на возачи на мотоцикли. Од нив 7 прекршоци биле за неносење заштитен шлем (кацига), 6 за управување без возачка потврда (дозвола), 1 за управување на мотоцикл по изминување на важноста на регистрацијата и 4 останати видови прекршоци.

Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Share via
Copy link