Фото:Наградата за животно дело на Општина Струмица за браќата Миле и Георги Барбаровски, врачени и годишните награди

Наградата за животно дело на Општина Струмица по повод патрониот празник на градот-Светите петнаесет Тивериполски свештеномаченици ја добија браќата Миле и Георги Барбаровски за особен придонес во областа на културата и уметноста.

Годишната награда на денешната свечена седница на Советот на Општината им беше доделена на Хуманитарното здружение „Дијаконија“ за особен придонес во општествената и хуманитарната дејност, Кристина Зимбакова со придонес во уметноста, Карневалското здружение „Струма“ за особен придонес во уметноста и културата, „Серафимов ГРУП ДООЕЛ“ за придонес во техничката култура, УЈП-Регионална дирекција Струмица за особен придонес во воспитниот и образовниот процес, кроводарителот Динчо Стојанов и актерот Кољо Черкезов за придонес во областа на културата.
Признанија им беа доделени на Гостилница „Дукат“ за придонес и зачувување на гастрономската традиција и 40 годишниот јубилеј и постхумно на Надежда Џидалова-
Тенев за успеси во областа на здравтвената заштита.






Наградите ги врачија градоначалникот на Струмица, Петар Јанков и претседателот на Советот, Никола Маџунков.


На денешната свечена седница присуствуваа потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Оливера Трајковска, пратеници, црковни великодостојници и претставници на дипломатскиот кор.