„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Неделата на Црвен крст заврши денеска со мерење на шеќер и крвниот притисок
Општинската организација на Црвен крст Струмица денеска со мерење на нивото на шеќерот и крвниот притисок на граѓаните во центарот на градот го заврши одбележувањето на Денот на Црвениот крст и Црвената полумесечина-8 Мај и Неделата на Црвен крст од 8 до 15 мај.
-По тој повод, денеска 15 мај, ги заокружуваме активностите кои ги имавме и еве во центарот на градот направивме наши штандови каде ги презентираме нашите активности како што се крводарителството, социјалната дејност, социјалното претприемништво, пограмата за спасување од катастрофи, разни обуки и денес со мерење на шеќерот и крвниот притисок, рече секретарот Љупчо Јанков.