„НОВУС“ на 4 април организира Саем за вработување

 „НОВУС“ на 4 април организира Саем за вработување

Центарот за истражувања и анализи НОВУС – Струмица, како регионален партнер на
СОС Детско Село, организира Саем за вработување, кој ќе се
одржи на 4 април 2025 година во Дом на култура – Струмица.

Настанот се организира во рамки на проектот „Зајакнување на младите преку нови
можности 2“, со цел да се создадат можности за директна комуникација помеѓу
работодавачите и потенцијалните кандидати за вработување.

На саемот ќе учествуваат компании, организации и институции од различни сектори,
вклучувајќи трговија, производство, ИТ, угостителство, финансии, образование,
здравство и многу други. Покрај тоа, посетителите ќе имаат можност да се сретнат со
претставници на водечки компании и институции, како и да добијат корисни
информации за можности за кариера и професионален развој.

Share via
Copy link