fbpx

НОВУС организираше фудбалски натпревар со цел да се промовира родовата еднаквост кај младите

 НОВУС организираше фудбалски натпревар со цел да се промовира родовата еднаквост кај младите

Здружението „НОВУС“ од Струмица организираше пријателски фудбалски натпревар со цел да се промовира родовата еднаквост кај младите.

Оваа иницијатива ја организираа и имплементираа младите волонтери на „НОВУС“ во рамки на проектот “Иднината којашто ја сакаме! Паралелни животи!Трета едиција”.

„Нека ваквите иницијативи во иднина служат за пример преку кои ние како млади активисти ќе работиме на подигање на свеста дека способностите за придонес во заедницата на двата пола се еднакви и дека и момчињата и девојчињата подеднакво можат“ изјавија од здружението „НОВУС“.

Share via
Copy link