fbpx

Обуки за регулативи на ЕУ за здравје и безбедност на храна, системи за управување со HACCP и ISO 22000 преку проектот „IDEAS“

 Обуки за регулативи на ЕУ за здравје и безбедност на храна, системи за управување со HACCP и ISO 22000 преку проектот „IDEAS“

Проектот „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним „IDEAS“ го имплементира Фондацијата за локален и развој на информатички технологии – Гевгелија, во партнерство со Американското земјоделско училиште од Солун, Грција и Мрежата за рурален развој на РСМ од Скопје.

Проектот „IDEAS“ се стреми да понуди решенија на идентификуваните предизвици преку промовирање на претприемништвото кај младите со цел да се создадат нови одржливи агро – бизниси. Во рамките на предвидените активности за остварување на проктните цели,Мрежата за Рурален Развој на Северна Македонија спроведе и обука на тема “Регулативи на ЕУ за здравје и безбедност на храна, системи за управување со HACCP и ISO 22000”.

Тродневната обука беше спроведена во период од 3-ти до 5-ти јули 2023 година. Целта на обуката беше да им обезбеди на учесниците сеопфатно разбирање за здравјето и безбедноста на храната, ЕУ регулативите кои се однесуваат на безбедноста на храната, HACCP принципите, стандардот ISO 22 000 и имплементацијата на ефективни системи за управување со безбедноста на храната. Обуката вклучуваше презентации, практични вежби и интерактивни дискусии.

За време на обуката, учесниците имаа можност да го посетат и објектот на Маби Трејд во Струмица, реномирана конзервна фабрика која целокупното производство го пласира на европските пазари. Оваа посета на учесниците им овозможи да стекнат искуство како се имплементира HACCP системот. Сведочејќи ја практичната примена на принципите на HACCP во работењето, учесниците стекнаа вредни сознанија за тоа како ефективни мерки за безбедност на храната може да се интегрираат во секојдневнатаработа, дополнително унапредувајќи го нивното разбирање и важноста за спроведувањето на HACCP.

Share via
Copy link