Старец потешко повреден во Муртино откако го удрил автомобил
Приведен крадец во Струмица, одземеното ќе биде вратено на сопственикот
Од СВР Струмица денеска соопштија дека вчера во 11:30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица.
Тој се сомничи дека претходно во Струмица, од возило одзел паричник. Кај него биле пронајдени украдените пари и ќе бидат вратени на сопственикот.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.