Полициски билтен: пронајдена марихуана во дом на струмичанец, пронајдени остатоци од човечки коски во радовишко

На 02.09.2026 во 22:55 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Г.М.(48) од Струмица. При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба била пронајдена марихуана. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 02.09.2026 во 10:00 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.С.(41) од Гевгелија. Тој бил баран со потерница за издржување мерка притвор за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ по член 418б од Кривичниот закон. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.
На 02.09.2026 во ОВР Радовиш било пријавено дека на две локации во с.Загорци, радовишко, биле пронајдени остатоци од човечки коски, кои се подигнати и дадени на вештачење. Се работи на расчистување на случајот.