Полициски билтен:пронајдена марихуана кај радовишанец, семејно насилство во струмичко и радовишко
Полициски билтен:пронајдена марихуана кај радовишанец, семејно насилство во струмичко и радовишко

На 01.09.2026 во 15:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Х.А.(28) од Радовиш, Д.П.(22) од с.Злеово, радовишко и Ј.П.(26) од село Подареш, радовишко. При претрес во домот на Х.А, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, за која во службен разговор изјавил дека во неговиот дом претходно ја однеле Д.П. и Ј.П.. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.09.2026 во 21:00 часот во радовишко село, полициски службеници лишија од слобода 51-годишен жител на селото. Според пријавеното, тој околу 20:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 74-годишен татко, при што му нанел повреди. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.09.2026 во 22:30 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 51-годишен жител на тоа село, кој според пријавеното
во семејниот дом физички ги нападнал неговата сопруга и нивниот малолетен син.
Тој е задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Струмица-ОВР Валандово до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против И.Л.(37) од валандовско село поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик. На 21.08.2026 во семејниот дом во селото, пријавениот агресивно се однесувал и упатувал закани на неговата 30-годишна сопруга и нејзината мајка. Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Валандово, а за настанот биле известени јавен обвинител и службени лица од Центар за социјални работи Валандово.