Здружението „Мое Дабиле“, во соработка со КУД „Фолклорна Низа“ – Струмица, започнува со часови за фолклор во Дабиле

По многу децении во Дабиле повторно се создава простор каде што ќе одекнуваат звуците на македонската песна, чекорите на ората и радоста на детските насмевки. Играорна секција во Дабиле е на иницијатива на Здружението „Мое Дабиле“ како стручен партнер и реализатор на фолклорната програма е КУД „Фолклорна низа“ Струмица.
Со оваа активност децата од Дабиле добиваат можност да се запишат во фолклорно друштво, да станат дел од едно големо фолклорно семејство, да ја учат традиција и да научат да ја сакаат македонската песна и игра.

Часовите ќе се одржуваат во петок, од 16:00 до 18:00 часот, во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле.
Групата денес започна со работа и на првиот час имаше многу голем интерес од децата. Уписот за часовите во Дабиле трае се уште исто како и за часовите во Струмица се до 15 септември за сите возрасти.

КУД „Фолклорна низа“ е активно целиот летен период. Имаше учество на карневалот во Бела Црква, настап на Меѓународниот фолклорен фестивал во Тулчеа Романија а утре група од Фолклорна низа ќе настапи и на 41. Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско Здравоживо“. В.П.
Фото:Фолклорна низа