fbpx

Обвинителството бара притвор за осомничен за полови дејствија врз дете во село во Општина Конче

 Обвинителството бара притвор за осомничен за полови дејствија врз дете во село во Општина Конче

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 49 години за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз малолетно девојче кое не наполнило 15 години, соопштија денеска од Јавното обвинителство.

Осомничениот жител на село во општина Конче во повеќе наврати ја допирал малолетничката, сторувајќи продолжено кривично дело согласно член 188 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.

Share via
Copy link