Пред монументалниот споменик на Делчев одбележани 154 години од неговото раѓање
Одбојкарите на Струмица за противник во ЛШ го добија грчкиот гигант Олимпиjакос

Македонските одбојкарски шампиони во машка конкуренција, екипата на Струмица , го дозна противникот за првото коло од квалификациите во Лигата на шампионите на ЦЕВ.
Струмица ќе игра против грчкиот тим на Олимпијакос и ќе бидат домаќини на првиот меч во периодот од 17. до 19. септември, додека реваншот ќе се одигра на гостински терен во периодот од 24. до 26. септември.
Доколку не успеат да ја минат првата рунда, струмичани ќе добијат шанса да продолжат во ЦЕВ Купот.