Општина Радовиш им ги додели договорите за стипендирање на талентирани ученици
Честитајќи им на постигнатите успеси и посакувајќи им уште поголеми достигнувања, денес во салата на Советот на општината, градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов, на свечен начин ги додели договорите за стипендирање на најдобрите ученици во основното и средното образование во Радовиш за учебната 2022/23 година.
Оваа година се доделија вкупно 26 стипендии на талентирани ученици во општина Радовиш од кои: 16 стипендии на талентирани ученици од VI до IX одделение во основните општински училишта, 5 стипендии на талентирани ученици од I до IV година во средното општинско училиште и 5 стипендии на одлични ученици по основ на социјален карактер.
Стипендиите во основното образование се во висина од 2.500 денари, а во средното образование во висина од 3.000 денари, а се доделуваат 9 месеци во годината.