Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Општина Струмица денеска ги добива десетте автобуси за воведување на електричен јавен превоз
Општина Струмица денеска ги добива десетте автобуси за воведување на електричен јавен превоз.
Во врска со ова, во просториите на „Аутомакедонија“ во Скопје ќе се одржи информативна средба на која може да се погледнат пристигнатите автобуси.
На настанот ќе присуствуваат и изјави ќе дадат градоначалникот Костадин Костадинов и Драги Поп Стојанов, директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“.
Инаку, Општината набави десет електрични автобуси, кои чинат седум милиони евра и се купени по пат на лизинг.