Општината и Ротари клуб Струмица потпишаа меморандум за соработка
Општината и Ротари клуб Струмица потпишаа меморандум за соработка

-Денеска склучивме меморандум за соработка со Rotary Club Струмица, кој е дел од глобалната мрежа на Rotary International, една од најголемите хуманитарни организации во светот, основана во 1905 година, објави градоначалникот на Струмица, Петар Јанков на општинската фејсбук страница.
-Со оваа соработка ќе работиме заедно на проекти кои поттикнуваат хуманост, солидарност и активности насочени кон подобрување на здравството, социјалната заштита, локалниот развој и квалитетот на животот на граѓаните.Како непрофитна и неполитичка организација, Rotary Club Струмица функционира врз принципот „Service Above Self“ (Служба над сè), и со гордост ја започнуваме оваа заедничка мисија за подобра и посилна заедница, напиша струмичкиот градоначалник.
Фото: Општина Струмица