Панче Стојанов е нов тренер на првиот тим на Брера

 Панче Стојанов е нов тренер на првиот тим на Брера

Панче Стојанов е назначен за шеф на стручниот штаб на АП Брера Струмица откако завчера Тони Атанасов си поднесе оставка од оваа функција по поразот од Вардар. Стојанов беше помошник на Атанасов во овој дел од првенството и заедно го водеа тимот низ предизивиците од овој дел на сезоната, соопштија денеска од струмичкиот прволигаш.

Панче Стојанов (49) е добро познат на фудбалската јавност во земјава. Беше фудбалер во повеќе македонски клубови. Настапувал за Силекс, Беласица, Ренова, Хоризонт Турново, Работнички. Стојанов беше и тренер на младинските категории а во 2018 година го предводеше сениорскиот состав кога за првпат клубот настапуваше Првата лига.

Инаку, Панче Стојанов на клупата на Брера како прв тренер ќе дебитира утре во првиот меч од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија против Вардар во Скопје, по што погледите сенасочени на завршницата од првенството каде основна цел е задржување на прволигашкиот статус.

Фото: Брера Струмица

Share via
Copy link