Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на Брера Струмица

 Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на Брера Струмица

Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на АП „Брера Струмица“ по четири првенствени кола, соопштија вечерва од струмичкиот прволигаш.

Оставката е лична и не се должи на постигнатите резултати на првиот тим на почетокот на оваа сезона. Тој верува во потенцијалот на екипата што ја предводеше а оставката е од лични причини.

-Оставката е лична бидејки неможам да ја исполнам мојата визија и планови со екипата во дадените околности. Оваа екипа има потенцијал и верувам дека со посветена работа ќе се исполни зацртаната цел а тоа е опстанок во Првата лига, вели Стојанов

Искусниот Панче Стојанов кој е од самите почетоци на Академија Пандев, сега Брера Струмица, како прв тренер дојде минатата сезона во пролетниот дел. Го предводеше тимот до опстанок а на стартот од оваа сезона оствари две ремија на гостински терен. Против Вардар 2:2 и Тиквеш 0:0.

Фото: Брера Струмица

Share via
Copy link