Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на Брера Струмица
Полицијата уапси крадец на мопед, го признал делото,мопедот вратен на сопственикот
СВР Струмица соопшти дека вчера во 19:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 16:00 часот од вулканизерска работилница во Струмица одзел мопед „сузуки“ со струмички регистарски ознаки. С.В. бил задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал делото. Од него бил одземен и мопедот и бил вратен на сопственикот.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.