Полициски билтен:58 годишник извршил обљуба врз 18 годишна струмичанка, пронајдена марихуана, физички напади

На 27.10.2025 во 20:10 часот во с.Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода К.Ѓ.(21) од с.Мокрино, струмичко и Л.А.(22) од с.Борисово, струмичко. При преглед во патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај К.Ѓ. е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 27.10.2025 во СВР Струмица е пријавено дека на 26.10.2025 во Струмица, 58-годишник од Струмица извршил обљуба врз 18-годишна струмичанка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 27.10.2025 во 19:35 часот во СВР Струмица, Е.В.(42) од с.Градошорци, струмичко, пријавила дека околу 15:30 часот во с.Градашорци била физички нападната од Д.В.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (28.10.2025) во 02:50 часот во ОВР Радовиш, Б.К.(39) од Радовиш пријавил дека околу 02:10 часот во казино во Радовиш бил физички нападнат од М.„Н“. од с.Ораовица, радовишко. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.