fbpx

Полициски билтен:Физички напад во радовишко, 6 лица се движеле за време на полицискиот час

 Полициски билтен:Физички напад во радовишко, 6 лица се движеле за време на полицискиот час

На 02.06.2021 во 11.00 часот во Полициската станица Радовиш, С.Б.(45) од село Раклиш, радовишко, пријавил дека од нивниот дом се оддалечила неговата сопруга Х.Б.(30). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 02.06.2021 година во 23.00 часот во Полициска станица Радовиш И.Д. (42) од село Коџалија, радовишко, пријавил дека околу 17.00 часот на место викано „мараш“ атар на село Коџалија пријавителот и С.Д. и Ш.Д. биле физички нападнати од М.Д., С.Д., М.Д., Џ.М. и Е.Д. сите од село Коџалија. Полициска станица Радовиш презема мерки за расчистување на случајот.

На подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица 6 лица не ја почитувале забраната за движење, од кои 5 во Струмица и 1 во Богданци и истите ќе бидат соодветно санкционирани.

Share via
Copy link