fbpx

Пожар во атар на село Злеово-изгореле лозов насад, ниви и викендичка

 Пожар во атар на село Злеово-изгореле лозов насад, ниви и викендичка

На 11.08.2024 во 12.50 часот  во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во атар на с.Злеово, радовишко, настанал пожар  при што биле опожарени лозов насад, сопственост на Ѓ.Д.(59)  од с.Злеово, ниви на Ј.Р  и Ј.Ј  од с.Злеово, родни дрвја на Љ.Ц. од Радовиш и викенд куќа сопственост на И.А.Т.(36) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Фото: архива

Share via
Copy link