fbpx

Прашалник на „НОВУС“:Силни и гласни млади – здрава и перспективна заедница!

 Прашалник на „НОВУС“:Силни и гласни млади – здрава и перспективна заедница!

Овој анкетен прашалник се спроведува во рамките на проектот “Силни и гласни млади- здрава и перспективна заедница ” кој го спроведува Центарот за истражување и анализи НОВУС Струмица, кој е во склоп на Проектот за младинско изразување а го спроведуваат Младински образовен форум, Младински Совет Крушево и Љоја, а е финансиран од страна на Европската Унија.

Линк до прашалник: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdspflKVG_z2zSH-92fWJX6xzzGs2o49p-vyZbOqZsyK3ApOg/viewform?fbclid=IwAR0ayxZzcQ7nbF1KRNOM48GwGpkkB9a0032owUN11QstaLMpg1ooaL1BcQc

Целта на овој проект е зајакнување на капацитетите на локалните младински структури и зголемување на младинското учество во процесите на донесување на одлуки на локално и национално ниво, како и зголемување на младинското учество и активизам преку развој на практики насочени кон слобода на изразување.

Со Вашето одвоено време од 5 минути и одговарање на прашањата, придонесувате да ја утврдиме фактичката состојба дали граѓаните, а особено младите се запознаени со процесите на донесување на одлуки на локално ниво, дали досега учествувале во креирање на одредени локални политики и како може да ги охрабриме младите да бидат активни чинители и да се борат при подобрување на нивната состојба како млади и остварување на сите нивни права.

Share via
Copy link