Прес на Петар Јанков, кандидат за градоначалник: Ветувам работа, работа, многу работа, чесност и посветеност
Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО ДПМНЕ, Петар Јанков на денешната прес конференција истакна дека ветува работа, работа, многу работа и чесност.
-Почитувани граѓани, визијата за помодерна, урбана и почиста Струмица не е само моја, туку е и ваша визија. Наша задача е да ги поддржиме младите, да се грижиме за постарите и да ја развиваме и унапредуваме локалната економија, рече Јанков.
Притоа додаде дека во периодот што следува ќе разговара со граѓаните и ќе ги види нивните потреби и размислувања.
На денешната прес конференција тој се заблагодари за укажаната доверба на ИК на ВМРО ДПМНЕ и на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, но и на граѓаните кои досега го поддржуваат.