Претреси во радовишко, пронајдени дрога и оружје, лишени од слобода две лица

 Претреси во радовишко, пронајдени дрога и оружје, лишени од слобода две лица

МВР соопшти дека на 30.07.2025 во 16.25 часот во село Тополница, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.У.(37) од село Тополница. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, во дворното место биле пронајдени седум стебла од растението канабис и предмети за нивно одгледување, додека  во куќата биле пронајдени 70 семки од канабис и марихуана. Исто така, во домот биле пронајдени и шест ловечки пушки, еден револвер и еден пиштол.


На 30.07.2025 во 20.45 часот во населба Дамјан, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.Д.(36) од Радовиш. При претрес во домот во кој престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш, а за настаните бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Share via
Copy link