fbpx

Превентивна акција „Никогаш не вози пијан“ во општина Босилово

 Превентивна акција „Никогаш не вози пијан“ во општина Босилово

Денес Отсекот за превенција при СВР-Струмица во координација со ПС за БПС  Струмица а во партнерство со  градоначаклникот на  општина Босилово и општина Босилово,  реализира превентивна активност против возење под  дејство на алкохол насочена кон  учесниците во сообраќајот  на подрачјето на општина Босилово со делење маички и летоци.

-За прв пат во таквиот вид активности ни се придружува и совесен граѓанин кој преку донација на маички со аплициран слоган  “Никогаш не вози пијан“ сака да упати порака до сите учесници во сообраќајот да не управуваат моторни возила под дејство на алкохол затоа што последиците од непочитувањето можат да бидат катастрофални. Во оваа прилика  му искажуваме благодарност за ваквата негова поддршка. Во самата акција  делиме  и флаери со содржина изготвена од РСБСП а кои содржат  практични совети   за возачите насловени  “Биди одговоен возач,  Никогаш не вози пијан!!!„, рече началникот на  СВР-Струмица, Васил Тодоров.

Дека управување моторно возлио  под  дејство на алкохол е сериозен проблен особено кај младите се и статистичките показатели за предизвикани сообраќајни незгоди со ТТП или смртни последици.  

Имајќи го во предвид претстојниот период  и зголемената раздвиженост во сообраќајот  уште еднаш апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни  возачи и да ги почитуваат сообраќајните знаци правила и прописи , никогаш  не уравувајте моторно возило под дејство на алкохол , почитувајте ги мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Share via
Copy link