Полициски билтен:пожар на дел од покривна конструкција во Здравствен дом Радовиш, струмичанец агресивно се однесувал ко полицајци

 Полициски билтен:пожар на дел од покривна конструкција во Здравствен дом Радовиш, струмичанец агресивно се однесувал ко полицајци

На 26.09.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ќ.Р.(41) од Струмица. Тој околу 03:00 часот на ул.„Бетовенова“ во Струмица агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи и физички нападнал двајца од нив.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 26.09.2026 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар на дел од кровна конструкција на објектот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Извршен е увид.

Share via
Copy link