fbpx

Превентивна акциска контрола на СВР Струмица-„Стави појас!“

 Превентивна акциска контрола на СВР Струмица-„Стави појас!“

Денеска Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи-Струмица, во партнерство со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, на магистралниот пат А4 Струмица-Ново Село реализираше превентивна акциска контрола, наменета за учесниците во сообраќајот.

За време на превентивната активност возачите добиваа превентивни совети за безбедно учество во сообраќајот и летоци насловени: „Стави појас!“, „Сигурносниот појас спасува живот!“, „СТОП за возењето под дејство на алкохол!“ и „Не вози пијан, ова лето безбедноста нека ти биде на прво место“.

Share via
Copy link