fbpx

Потешко повреден мотоциклист кај Мрзенци

Вчера околу 19:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на автопатот А-1, кај бензинска пумпа во село Мрзенци, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „сузуки GSX 1300 R“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.А.(42) од Скопје и патничко возило „хјундаи галопер“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(42) од село Прдејци.

Во незгодата, со тешка телесна повреда се здобил мотоциклистот Ѓ.А., констатирана во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Гевгелија.

Share via
Copy link