Приведен радовишанец за физички напад врз сограѓанин
Вчера во 17:55 часот, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го приведоа З.Ј.(33) од село Ораовица, радовишко, затоа што околу 17.40 часот во Радовиш физички го нападнал П.И.(52) од Радовиш.
З.Ј. бил задржан во Полициската станица Радовиш, а по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.