Просeчната нето плата за јуни изнесува 41.939 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2024 година, изнесува 41 939 денари, и во однос на истиот месец лание е повисока за 14.8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработенво секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (24.6 %), Административни и помошни услужни дејности (22.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (19.6 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21.1 %), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %) и Административни и помошни услужни дејности (4.5 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во јуни годинава, изнесувал 62 964 денари.