fbpx

Работници од Непал масовно бегаат од државата

 Работници од Непал масовно бегаат од државата

Непалците масовно бегаат од државата. Согласно билтенот на МВР, секојдевно се случува неколку Непалци да ја „напуштат“ државата.

Еден на возраст од 34 години „исчезна“ во Скопје, а во полицијата пријавил преставник на фирмата каде што работел. Работник на возраст од 38 години „исчезнал“ и од Пехчево, а во полицијата исто така пријавиле од фирмата каде што работел.

Дури на пет работници од Непал им се губи трагата во Свети Николе.

Случајот во полицијата го пријавил управител на фирма од истиот град. Сите лица се на возраст од 27 до 38 години.

Share via
Copy link