Двајца трактористи загинаа во Богданци и гевгелиско Смоквица
Радовишанец уапсен под сомневање за предизвикување пожар на планината Плачковица

На 08.04.2026 во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода З.К.(64) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд куќа.
Поради сомнение дека го предизвикал пожарот тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема.
По целосно документирање на случајот, против З.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: илустрација архива