fbpx

„Ристо Шишков“ за актерката Александра Пешевска

 „Ристо Шишков“ за актерката Александра Пешевска

Актерката на кумановскиот театар Александра Пешевска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 28 издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кое заврши вечерва во Струмица.

Наградата, која се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фестивалот и парична награда во износ од 1.500 евра и ја врачи директорот на ФКТ „Ристо Шишков“,Ванчо Ристов Патриков.

Покрај Пешевска во потесниот избор за наградата „Ристо Шишков“ влегле и актерите Танкица Стојанова, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, Сашо Ристовски, Сашка Димитровска, Атанас Атанасовски и Магдалена Ризова Черних.

Поради пандемијата од ковид-19 фестивалот се одржа на отворено, на сцена во Градскиот парк со почитување на мерките за заштита.

Share via
Copy link