fbpx

„САНАТОРИУМ“ СО „ПАРАНОЈА“ СЕ ВРАЌА НА СЦЕНАТА

 „САНАТОРИУМ“ СО „ПАРАНОЈА“ СЕ ВРАЌА НА СЦЕНАТА

Македонскиот култен треш состав Sanatorium се враќа на сцената со нова песна насловена „Параноја“. Моќна, брза и енергична…, онаква каква што нивните фанови и очекуваат од нив. Ваквиот кам бек се случува во моменти кога се чини дека тоа е најпотребно за публиката.

Новата композиција на Sanatorium е во целост авторско дело на членовите на бендот Перо Стефановски, Горан Атанасов, Горан Станковиќ, Бобан Василески и eкс гитаристот Константин Качев.

Во снимањето на „Параноја“ учествуваа Бобан Василески, Александар Стефановски и Дарко Дарковски, а миксот и мастерингот се дело на Александрос Крисидис. Видео продукцијата е на тапанарот Горан Атанасов.

Во продолжение погледнете го видеото.

Share via
Copy link