СДСМ Струмица:Струмица е бастион на СДСМ, а таква и ќе остане, не заради индивидуи, туку заради заедништвото

 СДСМ Струмица:Струмица е бастион на СДСМ, а таква и ќе остане, не заради индивидуи, туку заради заедништвото

Прес конференција на Христијан Ефтимов, ОО СДСМ Струмица

Овде, денес, сакаме како општинска организација да го споделиме ставот на целото раководство по структура на партија, а се со една цел, да се оттргнат двоумиците и да се стави акцент на победата во oктомври на Марјан Даскаловски и тимот вистински социјалдемократи кои веруваат во една идеја, заедно сплотени со чиста совест и свест.

СДСМ е партија со најголем демократски дух и праг во Македонија, така функционира и денес под водство на Венко Филипче.

Одлуките секогаш се носени по принципи на чесност, работа и истрајност.

Тешки одлуки, прават големи резултати.

Затоа, до сите членови, симпатизери и независни граѓани, упатуваме една порака, СДСМ СТРУМИЦА е силна, единствена, спремна за победа на локалните избори.Ние пред нас немаме никакви пречки, ние пред нас имаме визија, поле за работа и цел да допреме до секој еден граѓанин.Да разговараме со секого и Струмица да ја направиме уште подобро место за живеење.

Функциите не не прават поголеми социјалдемократи од останатите, напротив социјалдемократ е секој еден кој работи во интерес на идејата, не на личниот интерес.

Победувавме и ќе победуваме во Струмица баш поради таа идеја.Струмица е била бастион на СДСМ, а таква и ќе остане, не заради индивидуи, туку заради заедништвото.

Share via
Copy link