fbpx

Склучен договорот за реконструкција на улици и поставување на гумени лежечки полицајци на територијата на Општина Богданци

Општина Богданци потпиша договор за реконструкција на улици и поставување на гумени лежечки полицајци на територијата на општина Богданци.

Станува збор за реконструкција, односно порамнување, поставување на рабници, тампонирање и поставување на бехатон плочки на дел од улица Карпошева (со должина од 352 метри) како и за замена на веќе поставените лежечки полицајци во село Стојаково со гумени. Истиот договор опфаќа и реконструкција на улица „Мирче Ацев“ во Богданци – спој со улица „Дојранска“ (со површина од 140 м2) како и реконструкција на улица во село Ѓавото, односно бетонирање  на истата (со површина од 630м2).

Вкупната вредност на работите, предмет на договорот изнесува 1.689.960,00 денари без ДВВ или вкупно со ДДВ 1.994.152,8 денари. Целосно завршување на активностите се очекува за околу дваипол месеци согласно условите предвидени во договорот.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Богданци, согласно Програмата за  изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Општина Богданци за 2020 година.

Share via
Copy link