Струмичанец со малолетен син фатени како крадат пари од црква

 Струмичанец со малолетен син фатени како крадат пари од црква

Вчера во 23:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.Х.(26) од Струмица кој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ во католичката црква Успение на  Пресвета Богородица, при што одзел пари.

-Тој со употреба на сила влегол во црквата и на лице место бил фатен од полициските службеници кои го лишиле од слобода. Со него бил и неговиот малолетен син, по што е известен Центарот за социјални работи Струмица, кој го предал детето на неговата баба, се наведува во соопштението на СВР Струмица.

Се додава дека С.Х. е задржан во полициска станица, известен е  јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: илустрација

Share via
Copy link