Струмичките пожарникари гаснеа пожар на запален покрив од куќа во село Смоларе

 Струмичките пожарникари гаснеа пожар на запален покрив од куќа во село Смоларе

Денеска во 15:35 часот во село Смолари ТППЕ Струмица учествуваше во гаснење на запален покрив од куќа.

Во гаснењето на пожарот учествуваа осум пожарникари-спасители со три против пожарни возила.

Пожарот е навремено изгаснат и е спречено негово понатамошно ширење и предизвикување поголема материјална штета.

Фото: ТППЕ Струмица

Share via
Copy link