Струмица доби нов парк во просторот на некогашната касарна

 Струмица доби нов парк во просторот на некогашната касарна

Денеска официјално е отворен новиот современ парк на површина од 12.712 квадратни метри на просторот на поранешната касарна, во близина на детската градинка „Виножито“.

На отворањето се обрати градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.

-Со инвестиција од 390.000 евра создаден е парк на површина од 12.712 квадратни метри со 1.628 метри пешачки патеки од природен травертин, богати тревни површини, централна декоративна жардинерија и внимателно избран хортикултурен концепт. На овој простор се засадени 460 украсни и автохтони дрвја и растенија. Секое едно дрво засадено овде е симбол на нашата одговорност кон идните генерации. Паркот е опремен со енергетски ефикасен ЛЕД осветлување како и соларен фотонапонски систем, што значи овој простор не е само убав, туку и пример за современо, одржливо и еколошко урбано планирање, истакна градоначалникот Јанков.

Парк е изграден во рамки на проектот „Зелен пулс“ во прекуграничниот регион финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.

На отворањето настапија млади гитаристи под раководство на професорот Васко Пиличев од Музичкото училиште „Боро Џони“ и младите танцувачи од Струдиото „One Way“.

Фото: ЈУГОИНФО

Share via
Copy link