fbpx

Струмица добива отворено спортско игралиште и уметничка галерија

 Струмица добива отворено спортско игралиште и уметничка галерија

Градоначалникот Коста Јаневски на својот ФБ профил објави дека согласно планираните активности на Општината, на повеќе локации се реализираат капитални проекти коишто задоволуваат потреби на повеќе категории граѓани. Дел од нив се во интензивна градба, а дел завршуваат.

„ Отвореното спортско игралиште во четвртата урбана заедница има комплетно нов изглед и ќе претставува вистинско место за спорт и рекреација, а во исто време завршува и пренамената на делот од градската скривница под градскиот плоштад во Уметничка галерија, но останува уште да се комплетира со настрешницата. Во галеријата ќе има изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење“ сподели градоначалникот Јаневски.

Share via
Copy link