„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица е најуспешна општина во спроведувањето инклузија
Општина Струмица е најуспешна општина во спроведување инклузија во рамките на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, поддржан од Детската фондација „Песталоци“, а спроведуван од Здружението за асистивна технологија “Отворете ги прозорците”-Скопје.
Ова високо признание Општина Струмица го доби денеска на јавната дебата „Промени и предизвици во спроведување на инклузивно образование“ на којашто учествуваа Надица Патрикова и Славица Годева од Одделението за образование во општина Струмица.
Целта на дебатата беше претставниците од различни институции од областа на образование, социјална заштита, локална самоуправа, организации и сервисни служби од општините Струмица, Кочани и Радовиш заеднички да продискутираат за предизвиците и иницијативите за креирање инклузивни практики и можности за секое дете.
Струмица е првата општина во државата во креирање и усовршување инклузивни практики за сите деца.