-Ги поттикнуваме граѓаните да го користат природниот гас за поголема лична благодет и почиста Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Денеска ги исплативме субвенциите за потрошен природен гас за периодот април – септември оваа година на вкупно 160 домаќинства приклучени на гасоводната дистрибутивна мрежа.Субвенционирањето на цената за физички лица е во износ од 10,00 […]
Tags : Костадинов
Градоначалникот Костадин Костадинов денеска беше домаќин на гостите од амбасадата на САД во Република Северна Македонија предводени од Кели Мекејлеб, офицер за политички прашања во Амбасадата и нејзините соработници.На средбата разговараа на повеќе актуелни теми на државно и локално ниво, а посебен акцент беше ставен на предизвиците со коишто се соочуваше и се уште се […]
-Со огромна тага ја примив веста за трагичната несреќа во Нови Сад, која остави зад себе загубени животи и длабока болка, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Во овие тешки мигови, нашите мисли се со семејствата на настраданите, кои загубија свои блиски и се соочуваат со незамислива загуба. Им изразувам најискрено сочувство и поддршка, надевајќи […]
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, вечерва беше на собири со граѓаните во Муртино, Банско и Габрово, каде со жители од овие населени места разговараше за идните проекти кои треба да ги реализира Општината. Информацијата ја објави на својот фејсбук профил. -Вечерва бев на јавни собири во Муртино, Банско и Габрово, каде што со жителите разговаравме […]
-Струмица официјално доби решение од АХВ дека водата од водоводот е питка. Анализи од Агенцијата за храна и ветеринарство, 3 акредитирани приватни лаборатории, Центар за јавно здравје Струмица, ги побија резултатите на Институтот за Јавно Здравје, кои не измачуваа сите нас како струмичани, објави попладнево градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Струмичкиот отпор и пркос даде […]
-Со огромна грижа кон народот на моја Струмица, утре ќе спремам и официјален допис, ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица.Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е.Филозофија без прагма, штета за која ја плаќаат граѓаните!Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните […]
-Борбата против Струмица продолжува, чекаа, калкулираа и денес преку медиуми се научивме дека не ни даваат решение за водата.Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата е исправна и хемиско физичкиот состав и микробиолошки, објави вечерва на својот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадин Костадинов. […]
-Јас сум оптимист дека после две или три последователни анализи на питката вода конечно ќе добиеме решение и од инспекторот од Агенцијата за храна и ветеринарство, со кој имаме добра соработка како институција и во петок веќе да имаме решение дека водата во Општина Струмица и неколку населени места, која беше забранета по пријава од […]
-Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства, емпатијата и меката сила на работните места, разиграниот дух во соседствата, душата на нашето општество, напиша градоначалникот Костадин Костадинов. -Кога нашите мајки, ќерки, сестри, баби, тетки, сопруги, пријателки, сосетки и другарки се во добро здравје, нашата заедница напредува. Токму поради тоа нивната благосостојба мора […]
-Струмица денеска беше почестена што токму од тука, од градскиот парк, започна реализацијата на иницијативата „Од Вас, за Вас“ во рамките на концептот „Полицијата – сервис на граѓаните“, напиша градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, началникот на СВР Струмица Дејан Ефтимов, со членовите на Советот и граѓаните […]