Костадинов: Струмица и денеска докажа дека е општина–македонски лидер на полето на социјалната заштита
-Го имав задоволството и честа да присуствувам на настанот: „Да ги направиме социјалните услуги достапни во заедницата – Отворање на Подрачното одделение на центарот за поддршка на згрижувачки семејства, Струмица“ во организација на СОС Детско Село – Скопје. За ова подрачно одделение, Општина Струмица обезбеди простории во Повеќенаменскиот социјален центар.Во знак на благодарност за добрата соработка меѓу СОС Детско Село и Општина Струмица, од страна на организаторите, ми беше доделена благодарница, а ја имав и можноста да им се обратам на присутните, истакнувајќи ги бројните заложби на Општината во областа на социјалната заштита. Во говорот се осврнав и за значењето на згрижувачките семејства, но и за потребата од перманентна грижа за децата без родителска грижа.
Струмица тука не застанува. Пред нас се нови крупни чекори за доброто на сите граѓани, објави денеска градоночалникот на Струмица, Костадин Костадинов.