Костадинов ја доби наградата „Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа“
-Од мое име и од името на цела Струмица, ви се заблагодарувам што фестивалот Рим- Париз-Вашингтон го препозна мојот труд и го валоризира со ова огромно признание — Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа, за посебни заслуги во трансформацијата на градови и добро менаџирање, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Да се биде меѓу најдобрите е за мене голема чест и признание, но и огромна обврска да продолжам да ја задржам оваа динамика.Моето ветување дека Струмица ќе биде меѓународно афирмирана и признаена, е реализирано.Продолжувам со истата ревност, во име на мојата Струмица и од срце, напиша струмичкиот градоначалник.