Tags : Струмица

Полициски билтен: физички напади во Гевгелија и Струмица

На 29.12.2024, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги привеле Т.Г.(33), В.Г.(33), Ѓ.Ј.(26), М.З.(26) и Ф.П.И.(27), сите од Гевгелија, затоа што околу 04.20 часот пред угостителски објект во Гевгелија го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни […]

Струмица и турската општина Буча ќе се збратимат

Општина Струмица и Општина Буча, град Измир, Република Турција, денеска потпишаа Протокол за меѓусебно разбирање и намера за збратимување, во насока на продлабочување на пријателските односи и зајакнување на соработката помеѓу двете општини, информирааа денеска од Општината. Со овој Протокол, кој влегува во сила веднаш по потпишувањето, двете општини се обврзуваат на заедничка работа во […]

Изградена улицата„Драгољуб Боцинов“-ги поврзува стариот и новиот дел на Струмица

Од денеска стариот и новиот дел на градот, поточно населбата „Касарна“ се поврзани со новозиградената улица „Драгољуб Боцинов“. Долга е 270 метри, а на неа се поставени 2,5 илјади метри квадратни асфалт. На завршните работи на поставувањето асфалт увид изврши градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека новата улица ќе помогне многу во растоварувањето на сообраќајот […]

Кај пет лица од Радовиш и Струмица пронајдена дрога

СВР Струмица соопшти дека на 15.12.2024 на автопатот А1, во близина на село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Р.Џ(43) од Струмица. При преглед на патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени марихуана, кокаин и опиум. Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил запознаен јавен обвинител […]

Две кражби во Струмица и Иловица, крадците пронајдени

На 12.12.2024 во 10.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 00.30 часот извршил тешка кражба во продажен објект во Струмица, при што од касата одзел пари. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица и кај него биле пронајдени дел од украдените пари. […]

Доделени годишните награди и наградата за животно дело-Светите петнаесет тивериополски

Денес, во големата сала на НУЦК „Антон Панов“, се одржа традиционалната Свечена седница на Советот на Општина Струмица, со која беше одбележан Денот на заштитниците на Струмица – Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици. За значењето на празникот, за улогата на свештеномачениците во зародишот на христијанството во нашиот град, како и за денот на нивното погубување, зборуваше […]

Струмица на маса со глобалните градски лидери на петтиот Глобален

-Заедно со преку 140 градоначалници, гувернери, претставници на национални влади и граѓански организации од 90+ градови и 40+ земји се приклучивме на инспиративна размена на идеи во рамки петтиот Глобален Самит на Силни Градови во организација на Мрежата на Силни Градови. Сесиите кои се одржаа претставуваат основа за решавање на некои од предизвиците на денешното […]

Градоначалникот Костадинов ќе ја претставува Струмица на петтиот Глобален Самит

Од 3 до 5 декември, градоначалникот Костадин Костадинов ќе им се придружи на градоначалниците, локалните лидери и меѓународните партнери на петтиот Глобален Самит на Силни градови, во Кејптаун, Африка. Овој важен настан, организиран од Мрежата на силни градови и градот Кејптаун, а спонзориран од Министерството за надворешни работи на Данска, Европската Унија и Стејт департментот […]

Костадинов: Струмица и денеска докажа дека е општина–македонски лидер на

-Го имав задоволството и честа да присуствувам на настанот: „Да ги направиме социјалните услуги достапни во заедницата – Отворање на Подрачното одделение на центарот за поддршка на згрижувачки семејства, Струмица“ во организација на СОС Детско Село – Скопје. За ова подрачно одделение, Општина Струмица обезбеди простории во Повеќенаменскиот социјален центар.Во знак на благодарност за добрата […]

Изгореа покрив и спрат во пожар во куќа на улица

Денеска во 09:31 часот на улица „Спиро Захов“, ТППЕ Струмица со 3 против пожарни возила и 10 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запален спрат и покрив од семејна куќа, информираа струмичките пожарникари. Пожарот е навремено локализиран и ликвидиран при што е спречено истиот да се прошири и направи поголема материјална штета. Фото: ТППЕ Струмица