Tags : Удово

Скопјанец пронајден починат во Удово

СВР Струмица денеска соопшти дека вчера во 12:00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во семејна куќа во село Удово, валандовско, бил пронајден починат А.А.(48) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Жител на Удово предизвикал пожар пред влезна врата на соселанец

СВР Струмица соопшти дека на 29.05.2024 во 11.30 часот во село Удово, валандовско, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода К.Ш.(23) од село Удово заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување  општа опасност“, по член 288 од Кривичниот законик. Имено, тој се сомничи дека околу 08.30 часот со запалива […]