Премиера на претставата „Синот“ од Флоријан Зелер во Струмичкиот театар
Танкица Митрева е новата претседателка на Форумот на жени на СДСМ Струмица
Форумот на жени при Општинската организација на СДСМ Струмица официјално има ново раководство. Танкица Митрева е избрана за претседателка и ќе ја предводи организацијата во идниот период.
Митрева е дипломиран фармацевт и активен советник во Советот на Општина Струмица. Со своето досегашно ангажирање и учество во локалните политики, ќе има задача да ги координира активностите на Форумот и да придонесе во натамошниот развој на политиките за родова еднаквост.
Од ОО СДСМ Струмица ѝ беа упатени честитки за новата функција, со желби за успешно работење и конструктивна соработка со останатите членки на Форумот.