Тина Русева гостинка во кабинетот на градоначалникот Јанков

 Тина Русева гостинка во кабинетот на градоначалникот Јанков

-Од Струмица до европската музичка сцена, а мене ми беше исклучително задоволство што Тина Русева беше гостинка во мојот кабинет. Тина неодамна го освои првото место на The Voice of Europe, откако кон крајот на минатата година остави силен впечаток и на The Voice of Germany, објави градоначалникот на Струмица, Петар Јанков,

-Со својот талент, посветеност и љубов кон музиката, таа достојно го претставува нашиот град и Македонија на меѓународната сцена и е вистински доказ дека со упорност и верба во себе, соништата стануваат реалност. Горди сме што Струмица има вакви млади луѓе и наша обврска е секогаш да ги поддржуваме.Тина, ти посакуваме уште многу настапи, аплаузи и големи победи!, напиша Јанков.

Share via
Copy link